Home Актуелно Облачен и студен вторник

Облачен и студен вторник

Овој мартовски вторник во Македонија носи облачно и студено време, со повремени врнежи од снег, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус седум степени, а дневната температура ќе се движи од минус еден до шест Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Утринската температура ќе достигне до минус еден степен , а дневната температура до два степени. Во Маврово -3, Охрид и Битола 5, Крива Паланка 2, Берово 1, Кавадарци 3, Дојран 6.

И утре ќе се задржи облачно време со повремени врнежи од снег. Најобилни врнежи ќе има во источните делови од земјава, каде се очекува формирање на снежна покривка и над 20 см. Во останатите подрачја можна е помала снежна покривка, главно околу 5 см, освен на планините каде ќе биде поголема. Потоа до сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи кои заради затоплувањето ќе бидат претежно од дожд.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…