Home Актуелно Облачен и студен понеделник

Облачен и студен понеделник

Денеска, 13. декември, времето во Македонија ќе биде променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Претпладне на планините и на некои пониски места во источните делови ќе провејува слаб снег.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 4 Целзиусови степени, Маврово -2, Охрид 4, Битола 3, Крива Паланка 1, Берово 0, Кавадарци 4, Дојран 6.

И утре ќе имаме променливо облачно и студено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец, најизразен вдолж Повардарието. Дневниите температури ќе се движат од 1 до 8 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…