Home Актуелно Облачен и сив вторник

Облачен и сив вторник

Вторничката временска прогноза вели дека времето во Македонија ќе биде претежно облачно, на југ со сончеви периоди, а со повремен дожд претежно во северните делови од земјата. На планините врнежите ќе бидат од снег, а повремен снег ќе има понекаде и на повисоките места.

Во северните делови ќе дува слаб до умерен северен ветер, а слаб јужен во јужните делови од земјата. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната од 6 до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд особено попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Променливото облачно време со повремени врнежи од дожд ќе се задржи и утре, особено на северозапад, а на планините и на некои повисоки места повремено ќе врне снег. Во северните делови на планините ќе се формира дополнителна снежна покривка, а мала снежна покривка ќе се формира и понекаде на повисоките места. Од овој влажен бран, врнежите ќе бидат пообилни на запад (над 25 л/24ч) особено во ноќта кон среда и претпладнето во среда кога во републиката ќе почне да дува и повремено силен северозападен ветер (над 65 км/час). Потоа следува период на стабилно и се потопло време.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…