Облачен четврток


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денешниот ноемвриски четврток во Македонија носи променливо облачно време со повремен локален дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 7 до 12 степени, а дневната од 13 до 16 Целзиусови степени, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Утринската температура ќе достигне до 12 степени, а дневната до 17 степени. Маврово и Берово 13, Охрид, Дојран, Битола и Кавадарци 16, Крива Паланка 15.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за утринска магла по одделни котлини. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе се движат од 11 до 20 степени.