Работниците и синдикатите задоволни од одлуката недела да е неработен ден за сите – газдите тврдат дека не сме толку богати за таква мерка


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Одлуката на Владата недела да го прогласи за неработен ден за сите граѓани на Македонија наиде на поделени мислења – работниците и синдикатите се задоволни од оваа мерка, додека на газдите и работодавците не им е баш по ќеф.

Синдикалците се израдуваа, но работодавачите со предупредувања до власта. Убаво е, велат, да се унапредваат работничките права, но земјава не е толку економски развиена за да си дозволи во недела да не работи ништо, со цел работниците да можат да одморат и да му се посветат на семејството. И додека Синдикатот смета дека извојувал долгогодишна битка, за бизнисот прогласувањето на недела за неработен ден како што планира власта, е оправдано само сега, со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во земјава. Но, газдите се согласуваат дека ако неделата се работи, таа треба дополнително да му се плати на работникот, а потоа задолжително да му се даде еден слободен ден во текот на наредната недела.

Овие реакции следуваат откако Владата на последнта седница ја прифати иницијативата денот недела да биде прогласен за неработен ден и го задолжи Министерството за труд и социјална политика, во рок од 15 дена, да достави законско решение за ова прашање.

Ангел Димитров, претседател на Организација на работодавачи, за Фактор објаснува дека согласно нашиот Закон за работни односи, неработен ден е по правило недела, но може да биде и било кој друг ден во неделата, ако така е предвидено со актот на работодавачот, како што е статутот, правилникот и слично.

„Оваа мерка најмногу ќе се однесува на угостителите, како и на објектите од малопродажбата, како што се маркети, молови и слично, каде што неделата е работна. Кај маркетите всушност неделата е работна, со тоа што тие работодавачи треба да имаат доволен број на работници за да можат да ги организираат смените, така што работниците би можеле да добијат слободен макар еден ден во неделата, на пример среда“, објснува Димитров.

Оваа одлука на Владата значи дека за ниту една компанија во земјава недела нема да смее да биде работен ден, односно ќе мора да биде неработна. Односно, засега станува збор само за препорака на Владата до Министерството за труд исоцијална политика да предложи закон со кој тоа ќе се регулира. Притоа, во законот сигурно ќе има исклучок за одредени дејности каде запирањето на процесот на производство би предизвикал големи штети во работењето, на пример РЕК битола или слични објекти или дејности, кои ќе бидат изземени од законот. Димитров очекува дека главно овој закон ќе се однесува на работењето во угостителските објекти и во моловите.

Откако предлог законското решение би го изготвило Министерството за труд, сигурно дека ќе биде гледано на Економско-социјалниот совет, односно од страна на Владата, работодавачите и Синдикатот.

Целиот текст можете да го прочитате на изворната статија на Фактор