Home Актуелно Облачен четврток

Облачен четврток

Денес, четврток, 5. март, времето во Македонија ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има појава на повремни врнежи од дожд, на планините слаб снег. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Дневните температури ќе бидат во Скопје 11 Целзиусови степени, Маврово 5, Охрид 9, Битола 10, Крива Паланка и Берово 8, Кавадарци 13, Дојран 15 степени.

За утре временската прогноза е променливо облачно со сончеви периоди и со умерен јужен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има врнежи од дожд. Дневните температури ќе се движат од 11 до 18 степени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…