Home Актуелно Облачен четврток

Облачен четврток

Денес, четврток, 12 декември, времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно со слаб локален дожд, а на планините со снег. Утринската температура ќе се движи од минус три до пет, а дневната од два до 10 Целзиусови степени.

Во Скопје умерено до значително облачно со слаб локален дожд. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до осум степени. Во Маврово дневната температура ќе биде 2, Охрид 8, Битола 7, Кавадарци 9, Крива Паланка 6, Берово 5, Дојран 10.

Утре времето ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, а на планините со снег. Во сабота се очекува нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд, а на планините од снег. Потоа следува период на стабилно и потопло време, од понеделник со услови за магла по одделни котлини.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…