Home Актуелно Објавена најновата листа на должници од страна на УЈП

Објавена најновата листа на должници од страна на УЈП

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 11/2016 за долгови достасани до 31.7.2016 и неплатени до 31.10.2016 година врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120 000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и
  2. повисок од 300 000 денари за правните лица.

На Листата се наоѓаат близу 5 000 трговски друштва, јавни претпријатија и физички лица. Во горниот дел на Листата како должници се јавуваат ЈП „Македонска радио-телевизија“, АД „11 Октомври – Еурокомпозит“, ЈКП ЦО „Стандард“ Дебар, ЈП за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на РМ, Ски-центар Кожуф итн.

Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи, во согласност со членот 9 од Законот за даночна постапка.
Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб-страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Доколку не се согласува со објавените податоци, даночниот обврзник може да се обрати до:

  • надлежната регионална дирекција на УЈП – за долговите објавени врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • до Царинската управа на РМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел. 02/3293 978 или 02/3293 971) – за долговите објавени врз основа на акцизи, царини и ДДВ при увоз.
Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно

Напишете коментар

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…