Home Вебкафе Објавена досега непозната снимка од откривањето на остатоците од Титаник

Објавена досега непозната снимка од откривањето на остатоците од Титаник

Претходно никогаш објавена снимка од првичното откривање на остатоците од славниот потонат брод Титаник најпосле е достапна за јавноста.

Снимката е направена во 1986 година, за време на нуркачката експедиција која ги направи првите кадри од остатоците од трупот на Титаник на океанското дно.

Остатоците од Титаник, кој потона во 1912 година на своето прво патување од Саутемптон кон Њујорк при што загинаа над 1.500 лица, се наоѓаат на длабочина од околу 4.000 метри, на оддалеченост од околу 750 километри од Њуфаундленд, Канада. Трупот од бродот при потонувањето е раскршен на два дела.

Load More Related Articles
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Јапонска работа

Чистење на најточниот и најбрз воз од легендарната јапонска железничка мрежа Шинкансен. На…