Home Актуелно Обид за атентат со бомбашки напад на новиот премиер на Етиопија (видео)

Обид за атентат со бомбашки напад на новиот премиер на Етиопија (видео)

Неколку загинати и повеќе повредени е епилогот од експлозија на собир во етиопискиот главен град Адис Абеба, соопшти премиерот Абиј Ахмед во телевизиско обраќање, а нападот се случил набрзо откако тој го завршил својот говор во центарот на градот.

Собирот на десетици илјади луѓе на плоштадот Мескел бил организиран како поддршка на 41-годипниот Абиј кој должноста ја презема во април.

„Неколку Етиопијци се повредени. Неколку луѓе ги загубија животите“, кажа Абиј во телевизиската изјава по експлозијата.

„Станува збор за граната. Некој се обиде да ја фрли на бината каде што беше премиерот“, изјави Сејом Тешоме, член на организацискиот одбор на собирот.

Абиј инцидентот го опиша како „неуспешен обид на силите кои не сакаат Етиопија да се обедини“.

Новиот премиер кажа дека е спремен целосно да го спроведе мировниот договор со Еритреја потпишан во 2000, по двегодишната војна меѓу двете соседни земји која меѓутоа заврши со трупање на големи воени сили од страна на двете земји.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…