Home Шоубизнис Замина уште една „ха-це“ легенда: Почина Вини Пол – еден од основачите на Пантера

Замина уште една „ха-це“ легенда: Почина Вини Пол – еден од основачите на Пантера

Вини Пол Ебот, братот на хеви-метал легендата Дерел „Дајмбег“ Ебот и еден од основачите на хеви метал бендот Пантера, почина вчера вечер на 54-годишна возраст.

Засега нема информации за причината за смртта на тапанарот на култниот бенд. Вини Пол го основаше бендот заедно со неговиот брат, Дерел „Дајмбег“ Ебот, кој беше застрелан во 2004 година за време на концерт од страна на душевно пореметен посетител.

Легендите на хеви метал сцената на во САД како Дејв Мастејн, Пол Стенли и групата Антракс денеска се простија од Вини Пол.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Мелани Лински ги демантира гласините за милионска заработка од „Два и пол мажи“

Мелани Лински, која ја играше Роуз во „Два и пол мажи“, ги отфрли тврдењата за нејзината з…