Home Спорт Обамејанг навести заминување од Дортмунд!

Обамејанг навести заминување од Дортмунд!

Ѕвездата на Борусија Дортмунд, Пјер Емерик Обамејанг најави дека по завршувањето на сезоната би можел да го напушти германскиот клуб.

Обамејанг во Дортмунд се етаблираше во еден од најдобрите напаѓачи во светот и за него интерес покажуваат неколку европски гиганти.

„Никој не може да предвиди што ќе се случи во иднина. Единствената сигурна работа е дека ќе останам во Дортмунд до лето и среќен сум поради тоа. На крајот на сезоната можно е да постигнеме договор и да заминам од Дортмунд“, изјави Обамејанг.

„Постојат играчи кои се амбициозни и кои сакаат да заминат, да пробаат нешто ново. Точно е дека Реал Мадрид е мојот омилен клуб, но не постои само Реал на овој свет. Сигурно можам да кажам само дека нема да отидам во Баерн“, додаде Африканецот.

Интерес за Обамејанг покажуваат Манчестер Сити, Арсенал и Милан, а неговата цена на трансфер маркетот моментално изнесува околу 70 милиони евра.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…