Вебкафе

Њујорк става катанец на најозлогласениот затвор на светот

Градските власти на Њујорк решија да стават катанец на моментално една од најозлогласените затворски казнено-поправни институции, затворот Рајкерс, поради нехуманите услови и запуштената внатрешност кои владеат во него. На негово место, како замена, во функција ќе бидат пуштени четири помали затвори кои ќе бидат модерни и хумани.

Затворскиот комплекс Рајкерс е еден од најголемите на светот, овој озлогласен затвор треба да биде затворен до 2026 година, пренесе АП.

Рајкерс има лоша репутација поради насилствата кои се случуваат во него, запуштените услови и нехуманоста, напоменува американската агенција АП.

Овој затворски комплекс ќе биде заменет со четири помали затвори кои ќе бидат лоцирани блиску до главните њујоркшки судници во Менхетн, Бруклин, Бронкс и Квинс.

Рајкерс инаку е остров со површина од 1,67 квадратни километри, на Ист Ривер , меѓу Квинс и Бронкс. Островот е дом на главниот затворски комплекс во Њујорк. Блиску е до пистата на аеродромот Ла Гуардиа.

Островото првобитно било со големина од 100 хектари, но потоа нараснало на повеќе од 400 хектари.

Името Рајкерс наводно островот го добил според Абрахам Рајкерс кој го купил во 1664 година.

Advertisements
To Top