Ново задолжување на државата: 10,6 милиони евра преку аукција на државни хартии


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На денешната аукција Министерството за финансии издаде државни хартии во вредност од 652 милиона денари или 10,6 милиони евра.

Од Министерството соопштија дека сегашните камати за државни хартии од вредност се меѓу историски најниските и се движат oд 1,45 отсто до 3,8 отсто во зависност од рочноста. Од таму велат дека тие се двојно пониски во однос на каматата на старите долгови кои се сервисираат. За споредба, каматата кон Дојче банк изнесуваше 6,456 отсто.

Во периодот од јуни до денеска Министерството за финансии врати стари долгови во износ од 122,5 милиона евра. За овој период државниот долг е намален, а официјалните податоци за тоа колку изнесува истиот за вториот квартал од годинава ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за финансии на 31 јули 2017.

Министерството за финансии соопшти дека средствата што досега беа повлечени беа искористени за враќање достасани, наследени долгови, но и за тековно финансирање на буџетот.