Home Актуелно Ново намалување на цените на горивата

Ново намалување на цените на горивата

Од ноќеска на полноќ, горивата во Македонија добиваат нови, пониски цени, според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.

Цените на бензините од полноќ се намалуваат за половина денар, а цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство се намали за еден денар, односно денар и половина, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Согласно најновата одлука, ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за половина денар и ќе се продава по цена од 48,00денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 бележи намалување за исто половина денар за литар и неговата нова цена ќе биде 50,00ден/лит.

Новата цена на дизелот се намали за еден денар и ќе се продава за 45 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе се намали за денар и половина и изнесува 33,50 ден/литар.

Цената на мазутот М-1 НС се намали за 0,921 ден/кг во однос на минатонеделната цена така што тој сега ќе се продава по цена од 17,970 ден/кг.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…