Новиот Супермен се заљуби во машко – Џон Кент е бисексуалец


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Најновото издание на култниот стрип за славниот супер-херој Супермен носи новитет и во сексуалната определба на овој стрип-карактер.

Супермен ќе биде прикажан во истополова врска со друго машко. Сепак, станува збор за новиот Супермен Џон Кент, син на оригиналниот херој Кларк Кент, кој ја презеде улогата на Супермен од својот татко во новата серија стрипови Супермен: син на Кал-ел, чиј прв број беше објавен во јули.

DC Comics ја објави најавата за новиот број на „Националниот ден на излегување“ на САД, кој се слави секоја година за да се подигне свеста за ЛГБТ заедницата. Во истата серија стрипови, Џон Кент, како Супермен, се бореше со пожарите предизвикани од климатските промени, спречи пукање во средно училиште и протестираше против протерувањето мигранти, пренесува Би -Би -Си.

„Како и неговиот татко, Џон Кент се вљуби во новинар“, најави издавачот. Велат дека Џон Кент ќе влезе во романтична врска со новинарот Џеј Накамура во претстојното петто издание, кое ќе излезе во ноември, но засега нема други детали.