Новиот смартфон од Samsung доаѓа со „тешка артилерија“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Samsung во средата ја претстави следната генерација чипови за своите паметни телефони. Станува збор за чипот Exynos 9820.

Чипот веројатно ќе си најде место во сите нови верзии на „гаџетите“ од Samsung. Во него се наоѓа нов NPU (Neural Processing Unit) кој ги одработува сите задачи на уредите поврзани со вештачка интелигенција, но и снимање видеа во 8К резолуција.

Exynos 9820 има 8-јадрен процесор со графички процесор ARM Mali-G76. Новиот чип ќе има 20% побрзо обработување на еднојадрените задачи и 15% побрза повеќејадрена работа од претходникот, Exynos 9810.

Тука е и побрзиот LTE модем кој овозможува брзина на симнување до 2.0 GBps и 316 MBps прикачување, снимање во 8К резолуција на 30 fps и 4К видеа на 150 fps, но и резолуција на екранот до 4096х2160 пиксели.

Овој новитет од Samsung е одговор на A12 чипот од Apple и Kirin 980 од Huawei. Од Samsung порачуваат дека Exynos 9820 во масовно производство ќе биде пуштен кон крајот на оваа година, а тоа е повеќе од доволно време за да се интегрира во најавениот Galaxy S10 кој пристигнува во февруари.