Home Спорт Новиот договор на Мурињо е готов – познати и деталите!

Новиот договор на Мурињо е готов – познати и деталите!

Повеќе нема никаков сомнеж дека Жозе Мурињо наскоро ќе стави потпис на нов договор со Манчестер Јунајтед!

Англиските медиуми пренесуваат дека сите детали се веќе договорени и „Специјалниот“ наскоро ќе се обврзе на верност кон „црвените ѓаволи“ до 2021 година, со опција договорот да биде продолжен на уште една година.

Актуелниот договор на Португалецот истекува во 2019 година, а веќе неколку недели двете страни водат активни преговори за неговото продолжување. Во следните денови се очекува и официјализација на новиот договор.

Раководството на „црвените ѓаволи“ е задоволно од работата на Мурињо и во него гледа долгорочно решение на клупата, а според новиот договор Портуаглецот ќе заработува 15 милиони фунти по сезона.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…