Home Актуелно Новинарот Делек пренесува дека во Дубаи е уапсен криминалецот Седат Пекер кој добил македонски пасош со лажен идентитет

Новинарот Делек пренесува дека во Дубаи е уапсен криминалецот Седат Пекер кој добил македонски пасош со лажен идентитет

Tурски новинар Алишер Делек на социјалната мрежа Твитер објави дека полицијата на Обeдинети Арапски Емирати го спровела Седат Пекер надвор од неговата резиденција во Дубаи.

Пекер е меѓу оние кои добиле македонски пасош со лажен идентитет на граѓанин од Скопје по име Џадин Адемовски во аферата што ја обелодени опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Седат Пекер, кој во Турција го претставуваат како лидер на голема криминална организација, преку видео пораки кои ги објавува на интернет се пресметува со турската држава која по него има распишано потерница, а во земјата се вршат постојани претреси на негови канцеларии, имот, лица поврзани со него.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…