Нови рестрикции во најава: Комисијата за заштита од заразни болести ќе бара угостителските објекти да затвораат во 21 часот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Комисијата за заштита од заразни болести ќе достави предлог до Владата за нови рестрикции наменети за угостителските објекти, според кои истите, наместо до 23 часот, ќе работат до 21 часот.

Министерот за здравство Венко Филипче, потврди дека утре до Владата ќе биде доставен предлог за затворање на кафеаните и угостителските објекти во 21 часот, наместо во 23 часот како што беше досега. Ова денеска било потврдено на состанокот со владиниот кризен штаб, каде што било прифатено.

Оваа мерка доаѓа поради зголемениот број на случаи со коронавирус. Во петокот имаше рекорд од над 1000 заразени, а се очекува бројките да растат и во идните денови.

Мерката ќе биде применета после оние мерки со кои маската на отворено стана задолжителна, градскиот и јавен превоз да работи со 50% од капацитетите, и најмногу четири лица на иста маса во кафеаните.

Ова никако не оди во прилог на угостителите особено по последните мерки на Владата според кои рестораните специјализирани за организирање на свадби треба да добијат неповратна финансиска помош од 3.000 до 10.000 евра, вели Здравко Јосифовски, претседател на Независната угостителска комора.

Од Независната угостителска комора велат дека се повторно се изманипулирани и во однос на намалувањето на ДДВ од 18 на 10 отсто за сите угостителски услуги освен за алкохолните пијалоци како дел од најавениот четврти сет економски мерки.

Поради ова, Независната комора упатуваат апел до пратениците да не гласаат, како што вели Јосифовски за дискриминаторските мерки на Владата со кои едни угостители незаконски ќе бидат повластени додека останатите ќе бидат казнети а комората веќе бара алтернативни извори на финансиска помош кои ќе бидат употребени како директна поддршка за членките на Независната угостителска комора.