Нови 9.360 дози од вакцината на Фајзер пристигнаа во Македонија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Уште 9 360 дози вакцини од „Фајзер“ во текот на вчерашниот ден пристигнаа во Македонија, информираше Министерството за здравство.

Од овие дози, 4 680 се преку директниот договор што Македонија го има со компанијата, додека останатите 4 680 се преку помошта од ЕУ во рамки на програма „Тим Јуроп“ (Team Europe).

Преку оваа програма, ЕУ обезбедува 119 213 вакцини за земјава кои етапно, од 5 000 до 7 000 дози се испорачуваат секој понеделник. Вчерашната пратка е втора по ред преку оваа програма, а во текот на мај треба да пристигнат вкупно 19 890 дози од „Фајзер“.