Нови 111 случаи на Ковид-19 во Македонија, 15 лица пријавени за починати како последица од коронавирусот


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Од 1.529 направени тестирања за Ковид-19, потврдени се нови 111 случаи на вирусот, а 15 лица се пријавени за починати, информира Министерството за здравство. Во последната ковид-статистика (заклучно со 10 октомври) во земјава регистрирани се и 165 оздрави пациенти.

Од новите случаи 83 лица се од Скопје, шестмина од Прилеп, петмина од Велес, четворица од Кавадарци, по двајца од Куманово, Тетово, Битола и Крива Паланка и по еден од Гостивар, Штип, Струмица, Кочани и Гевгелија.

Од оздравените 165 лица, од Скопје и Куманово има по 25 лица, во Штип 21, во Кавадарци 18, во Кочани 13, во Велес 11, во Битола и Свети Николе по 10, шестмина во Прилеп, по петмина во Охрид и Кратово, четворица во Радовиш, тројца од Пробиштип, двајца од Гевгелија и по еден од Кичево, Струга, Неготино, Ресен, Виница, Демир Хисар и Пехчево.

Од починатите 15 лица петмина се од Скопје (56г, 69г, 72г, 75г и 91г), по двајца починати лица од Кавадарци (64г и 84г) и Кичево (54г и 87г) и по едно починато лице од Велес (72г), Берово (56г), Гевгелија (64г), Кочани (76г), Крива Паланка (61г) и Струмица (81г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште три починати лица, со датум на смрт од 09.09.2021 до 11.09.2021 година. Од нив, двајца се од Дебар и едно лице од Гостивар на возраст од 56 до 82 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1 324 894 тестирањана ковид-19.

Вкупната бројка на дијагностицирани лица со ковид во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 195 002 бројката на оздравени пациенти е 181 196, на починати е 6 849, а бројот на активни случаи изнесува 6 957.