Home Спорт Новата бразилска ѕвезда ги воодушеви сите во Реал Мадрид

Новата бразилска ѕвезда ги воодушеви сите во Реал Мадрид

Само што наполни 18 години Винисиус Жуниор направи голем чекор напред со трансферот во Реал Мадрид. Критичарите се прашуваат дали е спремен на толку мала возраст да игра за „кралскиот“ клуб.

Мадридскиот весник „Марка“ денешната насловна страна ја посвети токму на Винисиус со насловот „Vini, Vidi, Vici“ (дојдов, видов, победив), правејќи аналогија со името на Бразилецот.

„Винисиус ги надмина очекувањата уште на првите тренинзи“, пишува весникот кој е близок до Реал Мадрид. „Млад е но многу добар. Ако слуша и учи ќе стане многу добар“, цитиран е еден од фудбалерите на Реал.

Винисиус на престојните пријателски натпревари ќе има можност да го покаже своето знаење и веднаш да се наметне кај Лопетеги како сериозно решение за стартниот тим.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…