Милан постави услов: Без Калдара не го даваме Бонучи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Преговорите помеѓу Милан и Јувентус продолжуваат, а клучен фактор за враќањето на Бонучи во Торини е Матија Калдара, пренесуваат италијанските медиуми.

Милан е спремен да го испрати Бонучи во Јувентус, но само доколку за возврат го добие младиот дефанзивец Матија Калдара.

24-годишниот стопер важи за еден од најголемите таленти на Апенините и „росонерите“ во него гледаат идеална замена за Бонучи и идеален партнер на Ромањоли во одбраната.

Вредноста на двајцата фудбалери е приближна, помеѓу 35 и 40 милиони евра, па двата клуба разботат на размена на двајцата фудбалери.

Што се однесува до Игуаин, „росонерите“ се силно заинтересирани и наводно веќе имаат договор со Аргентинецот, но тоа ќе биде посебна трансфер операција. Во моментов двата клуба преговараат околу цената, Јувентус бара 60 милиони евра, додека Милан е спремен да плати 50 милиони евра.

Интерес за Игуаин покажува и Челзи, но „Газета дело Спорт“ тврди дека Милан е во предност бидејќи напаѓачот сака да остане во Италија.