Трагедија во кумановско: Жена изгоре во пожар кој пеплоса цела куќа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


71-годишната М.Л. го загуби животот во пожар кој избувнал во нејзината куќа во кумановското село Доброшане.

Од полицијата информираат дека пожарот избувнал околу 20:40 часот во с.Доброшане, на место викано „Студена вода“, во куќата сопственост на М.Л., при што куќата целосно изгорела.

Од здобиените повреди при пожарот, М.Л. починала.

Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово. Увид ќе се врши во текот на денешниот ден.