Home Актуелно Нова кривична за бившиот градоначалник на Чашка – вработил 40 лица кои не оделе на работа

Нова кривична за бившиот градоначалник на Чашка – вработил 40 лица кои не оделе на работа

Горанчо Пановски заработи уште една кривична пријава за злоупотреба на работна позиција бидејќи додека бил прв човек на општина Чашка вработил 40 лица од кои општинската администрација немала потреба, а кои не доаѓале на работа.

Пријавата ја поднесе Секторот за внатрешни работи Велес за „злоупотреба на службена положба и овластување”.

„Во периодот од 2013 до 2017 година пријавениот одобрил времено вработување со договор на дело за 40 лица во општина Чашка, иако општината немала потреба од вработување. После тоа, тие воопшто не доаѓале на работа и не биле потпишувани во евидентните списоци, а договорите им се продолжувале секој месец и им се исплатувал надомест од општината“, соопштија од МВР.

Пановски, неодамна беше осуден на три години затвор за легализацијата на планинарскиот дом „Чеплес“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…