Home Актуелно Нова кривична пријава до заканувач на пратениците преку социјалната мрежа Фејсбук!

Нова кривична пријава до заканувач на пратениците преку социјалната мрежа Фејсбук!

Лицето кое со закани преку социјалната мрежа Фејсбук го изрази својот став и со тоа предизвика загрозување на безбедноста на пратениците во Собранието, ќе заработи кривична пријава.

Познато е дека пријавата ќе се однесува на лицето А.Н (38) од скопско Коњари кој е под сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста и ширење на расистички и ксенофобични материјали по пат на компјутерски систем. Полицијата во неговиот дом изврши претрес и одзема предмети кои се во интерес на истрагата, а осомничениот е повикан на распит во полициска станица.

Од полицијата велат дека секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и натаму ќе продолжи со овие активности, се со цел санкционирање на ваквите случаи, и исто така ги охрабри граѓаните кои се изложени на вакви закани да се обратат до полицијата и да пријават. Во следните денови најавени се и други кривични пријави.

Инаку, осуммината опозициски пратеници кои гласаа „за“ отворање на уставот се под 24-часовна полициска заштита, бидејќи постојано добиваат закани во пишани пораки на социјалните мрежи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…