Home Вебкафе Нов заплет со секс снимката од авионот: Нови детали за жената од видеото

Нов заплет со секс снимката од авионот: Нови детали за жената од видеото

Последниве неколку дена интернетот на големо го тресе приакзната за парот кој имаше секс среде преполн авион кој леташе за Ибица. Откако се дозна дека мажот од видеото е верен со 25-годишна девојка која носи негово бебе, се дозна и која е жената од снимката, пишува Unilad.

Станува збор за 39-годишна Британка, мајка на три деца, која наводно премногу испила на аеродромот во Манчестер пред летот за Ибица.

„Апсолутно сум понижена. Нешто што почна како пијана шега стана вирален хит. Ужасната сум, но апсолутно ништо не се случи. Не престанав да плачам откако ја видов снимката. Ужасно сум посрамена“, изјавила споменатата Британка.

Нејзин пријател за The Sun изјави: „Во суштина ништо не се случи, само малку му танцуваше в скут за забава. Ни во еден момент не дојде до секс, како што се пишуваше. И двајцата беа блесави и сето тоа беше шега. Не се знаеја од претходно, па кој би направил нешто толку сериозно со целосен странец“.

Се јави дури и нејзиниот татко: „Луѓето сè измешаа. Веруваат во другата страна од приказната“.

Типот од снимката, по сè изгледа, целосно исчезна.

Извор близок до верениот фраер кому Британката му играше во скут, за Daily Mail, изјави: „Веќе требаше да биде вратен дома, а можеби и е. Но целосно исчезна и изгледа се крие од целата драма“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Ким Кардашијан, Глен Клоус и Наоми Вотс прават спектакл на суд – Рајан Марфи ја носи серијата што ќе ви го освои срцето

Рајан Марфи се враќа со полна пареа со нови правни драмолетки, а првите сцени од тизерот в…