Нов вирален предизвик го тресе интернетот – дали веќе го испробавте?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Луѓе од сите страни на светот се снимаат во својот обид да прескокнат невидлива кутија, а некои од нив оваа „вештина“ ја доведоа до совршенство.

Предизвикот навидум е сосема бесмислен. Во истиот, оној кој ќе го прифати се преправа дека пред него има невидлива кутија на која треба да застане со едната нога, да симулира дека се поткачува на кутијата и преминува од другата страна. Колку и да е глупав, за да го изведете како што треба потребна ви е солидна контрола врз вашето тело.

Вака изгледа кога на луѓето им е досадно, па им снемува и добри идеи за забава и интернет предизвици.