Home Шоубизнис Нов трејлер за „First Man“ – еве како ќе изгледа Гослинг во улогата на Нил Армстронг

Нов трејлер за „First Man“ – еве како ќе изгледа Гослинг во улогата на Нил Армстронг

На интернет е објавен нов трејлер за биографската драма „First Man“, во која Рајан Гослинг ја толкува улогата на Нил Армстронг, првиот човек кој стапна и одеше на Месечината.

Режијата е потпишана од Демијан Шазел, кој минатата година беше награден со Оскар за „La La Land“. Во новото филмско остварување, тој се обидува да прикаже како изгледала една од најопасните мисии во историјата на човештвото.

Честа да го глуми легендарниот Армстронг, како што знаеме, му припадна на Рајан Гослинг, кој со Шазел соработуваше и во неговото оскаровско филмско дело.

Покрај Гослинг, во „First Man“ глумат и Клер Фој како сопругата на Нил, Жанет, Пабло Шрајбер, Кристофер Абот, Сјаран Хиндс, Итан Ебри и други.

Премиерата е закажана за 12 октомври во САД, а потоа ќе следи кино дистрибуција ширум цел свет.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …