Глумеше дека се бори со ураганот – го издадоа момците што поминаа зад него


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Метеоролошкиот репортер од Weather Channel, Мајк Сидел, пренесуваше во живо од случувањата за време на пристигнувањето на ураганот „Флоренс“ на брегот од Северна Каролина, па глумеше лудило дека се бори со ураганските ветрови и одвај стои во место за да го реализира прилогот.

И веројатно цел свет ќе им поверуваше на неговите напори и борба со „Флоренс“, ако во меѓувреме, зад него буквално не се прошетаа двајца момци во дуксери, кои најнормално си чекореа на само неколку метри од новинарот.

Известувањето на Сидел за ураганот беше смешно како хумористичен скеч, особено со неговите коментари „Не може да биде полошо од ова“. Видеото стана вирален хит на социјалните мрежи каде публиката почна да се потсмева и да го ремети репортерот.

Временскиот канал проба да го брани Сидел, ама прилично лошо: „Важно е да се напомене дека двата поединци во заднината одат на бетон, а Мајк Сидел се обидува да се одржи на влажна трева, откако известуваше во живо сè до 1 часот утрово и е несомнено исцрпен“.