Home Актуелно Нов раст на биткоинот – достигна цена од приближни 9.000 долари

Нов раст на биткоинот – достигна цена од приближни 9.000 долари

Вредноста на биткоинот во понеделникот доживеа нов пораст, приближувајќи се до сума од речиси 9.000 долари за еден биткоин.

Вредносната сума на оваа криптовалута достигна висина од 8.937,25 долари, според “Coindesk Bitcoin Index”, кој ја следи цената на криптовалутите преку неколку берзи. Околу 9 часа биткоинот се движел околу 8.700 долари.

Во последните неколку седмици дошло до обновување на интересот за криптовалутите, а неговата цена оваа година пораснала за повеќе од 140 проценти.

Тука е и зголемувањето на експериментите на големите компании со производи кои се однесуваат на криптовалутите. На пример, тајванскиот произведувач на телефони HTC произвел телефон насочен на помагање на луѓето да ги копаат своите дигитални пари, додека Фејсбук наводно работи на сопствена криптовалута.

И други криптовалути исто така пораснале во понеделникот.

Биткоин и натаму е двојно поевтин од своето највисоко ниво од повеќе од 19.000 долари кон крајот на 2017-та година, кога за него владеел голем интерес од инвеститорите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Додека ја слушаме песната All I Want For Christmas Is You, Мараја Кери ја полни елката со кеш, не со сијалички

Додека остатокот од светот уште на почетокот на декември врти „All I Want For Christmas Is…