Нов хир во стоковниот бизнис: Nordstrom ја отвора првата стоковна куќа без ниту еден производ


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американската компанија Nordstrom следниот месец ќе отвори во Лос Анџелес стоковна куќа без ниту едно парче стока.

Таа компанија од Сиетл која има синџир стоковни куќи со скапа и луксузна стока наведува дека тоа ќе биде нивна прва концептуална продавница.

Во продавницата ќе работат „лични стилисти“ кои по своја проценка на купувачите и во договор со нив, ќе порачуваат артикли потребни на муштериите.

Од Nordstrom наведуваат дека купувачите во таа продавница ќе може он-лајн да бираат и купуваат облека и преземање истиот ден. Освен тоа, ќе им бидат понудени услуги на кројач и маникир. Новата продавница ќе биде на само 279 квадратни метри, додека просечно Нордсторм има продавници со површини од по 13.000 кв/метри.