Home Спорт Нов голем скок: Македонија напредуваше 9 места на ФИФА листата

Нов голем скок: Македонија напредуваше 9 места на ФИФА листата

Македонската фудбалска репрезентација напредуваше за нови девет позиции на рангирањето на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

„Црвено-жолтите“ по победата во пријателскиот меч со Норвешка (2-0) сега имаат 446 бода и со новиот скок од 9 места се наоѓаат на 76-то место на ФИФА ранг листата.

Македонија за само седум месеци успеа да напредува цели 90 позиции. Во март бевме на мизерното 166-то место, а денес во ноември сме на 76-то место, со надеж дека додатно ќе напредуваме.

На врвот на листата, нема помена кај првите пет, Германија е пред Бразил, Португалија, Аргентина и Белгија, следат Шпанија, Полска, Швајцарија, Франција и Чиле

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…