Нов дронски напад во Москва – дали војната полека се префрла и на руска територија?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во ноќните часови од 1 август, неколку дронови повторно направија обид за напад на Москва. Еден од нив удри во деловниот комплекс Москва Сити.

„Оштетена е фасадата на ниво на 21. кат. Искршено е застаклувањето од 150 метри квадратни. Нема информации за жртви. Службите за итни случаи работат на местото на настанот“, рече градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин на својот канал на Телеграм.

Според ТАСС, дронот удрил во кулата IQ-кварт, во која се сместени канцелариите на Министерството за економски развој, Министерството за дигитален развој и Министерството за индустрија и трговија.

Уште два беспилотни летала беа соборени со системи за противвоздушна одбрана на приближување кон главниот град, соопшти Министерството за одбрана.

Претходниот напад со беспилотни летала на градот Москва се случи ноќта на 30 јули. Тогаш два дрона се урнаа во облакодерите на деловниот комплекс. Третото беспилотно летало е соборено од противвоздушна одбрана во областа.

Ваквите напади со беспилотни летала се можност Зеленски да се обрати до руското население, јавува Би-би-си, бидејќи повеќето од нив сметаат дека руската инвазија на Украина е праведна и оправдана.

Ако експлозиите во центарот на Москва се поврзани со она што се случува во Украина, како што сугерира Зеленски, на Владимир Путин ќе му биде малку потешко да ја оправда својата инвазија, која всушност сака само да ја прошири.

Портпаролот на украинските воздухопловни сили изјави дека рускиот народ ги гледа последиците од војната во Украина што ја започна Русија.

„Сите луѓе кои мислат дека војната не ги засега, веќе ги допира“, рече Јуриј Ихнат во неделата.

„Веќе нема дискусија за мир или спокојство во руската внатрешност. Тие го добија тоа што го побараа“, додаде Ихнат, а пренесува „Гардијан“.

Во Москва, една млада жена која за Ројтерс се идентификуваше како Лија, рече дека била во стан што го изнајмила со некои пријатели за време на нападот во неделата.

„Во одреден момент слушнавме експлозија и беше како бран, сите скокнаа. А потоа имаше многу чад и ништо не се гледаше. Можеше да се види огнот одозгора“, раскажува Лија.

Поради инцидентот накратко беа прекинати летовите на московскиот аеродром Внуково, пренесе ТАСС.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека две беспилотни летала се урнале во областа Москва-Сити, откако биле соборени од радио-електронска опрема. Противвоздушната одбрана собори уште едно беспилотно летало во воздухот над Одинцово во Московската област, се вели во соопштението.

„Утрото на 30 јули беше спречен обид за терористички напад на режимот во Киев со помош на беспилотни летала против цели во градот Москва“, се наведува во соопштението на Министерството.

Одделно од нападот со беспилотни летала викендов, Министерството вели дека успешно спречило и напад во текот на ноќта на полуостровот Крим, на Црното Море, кој Русија го анектираше од Украина во 2014 година.

Според соопштението на Русија, Украина испратила 25 дронови кои биле соборени или принудени да се урнат.

„Во нападот кон Крим нема повредени и не е причинета штета“, се наведува во соопштението.

Москва, исто така, континуирано го напаѓа Киев со беспилотни летала, ракети и крстосувачки ракети, предизвикувајќи смрт и огромни штети во главниот град на Украина, како и во други градови, пренесува ДПА.