Спорт

Номинирани за „Златната топка“ се…

Денес ќе бидат објавени 30-мината канидати кои ќе се борат за најпрестижната индивидуална фудбалска награда „Златна топка“ за изминатата 2018 година.

„Франс Фудбал“ како и минатата година ќе ги открива сите 30 кандидати по азбучен ред и тоа на делови по петмина во текот на целиот ден.

Откако ќе бидат познати сите кандидати, специјално жири ќе може да гласа така што секој член ќе ги одбере своите Топ 5. За првиот ќе даде 6 бода, вториот ќе добие 4, па следните 3, 2 и 1 бод.

Првите пет кандидати се:

Серхио Агуеро (Манчестер Сити)
Алисон Бекер (Ливерпул/Рома)
Герет Бејл (Реал Мадрид)
Карим Бензема (Реал Мадрид)
Едисон Кавани (ПСЖ)

To Top