Home Спорт Ништо не паѓа од небо: Видете ги макотрпните тренинзи на малиот Барди!

Ништо не паѓа од небо: Видете ги макотрпните тренинзи на малиот Барди!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е апсолутен хит во Примера од почетокот на сезоната поради фантастичните партии во дресот на Леванте.

Најеминентните шпански медиуми како „АС“ и „Марка“ пишуваат за Барди и веќе го прогласија најдобар трансфер оваа сезона во Примера.

Барди важи за одличен изведувач на слободни удари, па оваа сезона веќе ги совлада голманите на Депортиво Ла Коруња и Реал Соседад, но тоа не е плод само на талент, туку и на макотрпни тренинзи.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Барди вежба изведување слободни во балон во скопската населба Чаир, додека настапуваше за Шкупи.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…