Home Актуелно Нишани: Состојбата во Албанија e на критична точка

Нишани: Состојбата во Албанија e на критична точка

Поранешниот албански претседател Бујар Нишани оцени дека недоразбирањата меѓу шефот на државата Илир Мета и премиерот Еди Рама во врска со локалните избори би можело да предизвика опасни состојби во државата, јавува АлсатМ.

Според него, албанската интеграција во Европската Унија е блокирана, а главен виновник за ова е актуелната политика во Албанија предводена од Еди Рама.

„Ситуацијата во нашата земја е исклучително критична, а дополнителната негрижа може да предизвика големи судири“, смета Нишани.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…