Николов и Начевски ќе го судат полуфиналето во Келн


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги делегираше судиските двојки кои ќе судат на завршниот турнир во Лигата на шампионите. На завршниот турнир ќе учествува македонскиот шампион Вардар, а дел од четирите судиски двојки се Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

Една од најдобрите судиски двојки во ракометот, Николов и Начевски, на завршниот турнир во Лигата на шампионите ќе го судат првото полуфинале во кое ќе играат ПСЖ и Веспрем. Овој натпревар се игра на 3 јуни од 15:15 часот.

Актери во второто полуфинале ќе бидат ракометарите на Вардар. Нивниот дуел со Барселона ќе го судат Чесите Вацлав Хорачек и Јири Новотни.

Хрватската двојка Матија Губица и Борис Матошевиќ на 4 јуни ќе го судат натпреварот за третото место, додека правдата во финалето, кое се игра истиот ден од 18 часот, ќе ја делат Германците Ларс Гејпел и Маркус Хелбиг.