Home Актуелно Николоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Уставот со цел промена на уставното име

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Уставот со цел промена на уставното име

Во гостувањето на емисијата „360 степени“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во однос на прашањето за спорот со името рече дека тоа е спор што ја прати Македонија практично од основањето. Тој потенцира дека ставовите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни и сите ги знаат тие позиции кои се непроменети од 2005-та година. Решение секако е добредојдено според Николоски но тоа решение да е во рамки на позициите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ги знаете тие позиции не би дозволиле промена на уставот со цел промена на уставното име. Бараме гаранции за именувањето на македонскиот национален идентитет во смисла на именување на јазик, култура и националност. И било кое решение мора да иде на референдум за граѓаните да го кажат своето мислење. Ова се исти позиции кои што ВМРО-ДПМНЕ ги има 13 години од 2005-та година па навака, рече Николоски

Во врска со како ги водат преговорите Николоски вели дека тоа е процес кој премиерот и министерот за надворешни работи решиле овој спор да го водат соло и тоа е комплетно нивни избор.Единствени релевантни информации според него што ги има добиено ВМРО-ДПМНЕ се во Јануари месец кога медијаторот Нимиц претставил сет на идеи. Тој на крај се потенцираше дека не му е јасно од каде таа недоверба на владата на СДСМ во однос на ова чувствително прашање.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…