Грчките политичари: Илинденска Македонија го враќа иредентизмот!

За грчките опозициски политичари, предлогот Република Илинденска Македонија воглавно е неприфатлив, бидејќи според нив, токму тој го одликува ирендентизмот на Македонија.

Со свој став по објавата на медиумите околу новиот предлог за решение на спорот за името, се јави и претседателот на партијата ПАСОК и поранешен министер за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос.

Според неговите зборови, искажани пред пратениците на грчкиот парламент, предлогот бил „епитом на иридентизмот“, отфрлајќи го како опција за преговори, пренесува грчкиот весник „Екатимерини“.

Дека името Република Илинденска Македонија во себе имало иридентистички ставови оцени и лидерот на грчката опозиција, Кирјакос Мицотакис; откако за новиот предлог бил телефонски известен од грчкиот премиер, Алексис Ципрас.

Шефот на „Река“ Ставрос Теодоракис изрази резервираност за предлогот и посочи дека ставот на партијата ќе го кажат кога ќе го видат целиот пакет за решение за спорот.

Генералниот секретар на Комунистичката партија на Грција, Димитрис Куцумбас кажа дека тие се противат на вклучување на соседната земја во НАТО и во ЕУ без договор со кој ќе се гарантира уставна ревизија во соседната земја и ќе се елиминираат сите прашања од иредентизам и дека името мора да биде строго географска одредница, што не е загарантирано со новиот предлог “Република Македонија Илинден”.

Лидерот на грчката партија Унија на центристите Василис Левентис повтори дека тие се против употребата на терминот „Македонија“.