Никола Којо револтиран од коментарите за смртта на Драгојевиќ: „Вакво ѓубре живее покрај вас“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Музичката легенда Оливер Драгојевиќ, после долга и тешка битка со ракот на белите дробови, поичина на 71-гдишна возраст. Ќе биде погребан в среда, во родната Вела Лука, а јавните личности, колегите и пријателите, веќе втор ден споделуваат проштални зборови, пораки и сеќавања во чест на музичкиот великан.

Меѓу ни е и популарниот актер Никола Којо кој не можел, а да не сподели јавно пораки кои во вакви моменти се неприфатливи.

Поединци на социјалните мрежи по смртта на Драгојевиќ напишале: „Дали тоа значи дека дефинитивно нема да одржи концерт во Белград“, а имало и такви кои морбидно потврдувале: „Хахахах ќе одржи, еден ден“.

„Вакви ѓубриња живеат покај нас“ напишал Никола Којо на Твитер алудирајќи на коментарите упатени кон починатиот пејач.

„Збогум прекрасен Оливер, која и да си вера и нација“, напишал актерот.