Home Шоубизнис Никол Кидман застрашувачка во новиот филм The Beguiled – еве го официјалниот трејлер

Никол Кидман застрашувачка во новиот филм The Beguiled – еве го официјалниот трејлер

Колин Фарел, Никол Кидман, Кирстен Данст и Ела Фанинг ќе ги воодушеват гледачите во долгоочекуванот филмски хит во најава The Beguiled, кој во кино салите ќе започне да се прикажува на 23 јуни.

Филмот е римејк на готскиот филмот со Клинт Иствуд од 1971 година. Филмот делумно се темели и на романот од Томас Калинан, кој ја раскажува возбудливата приказна за едно школо за девојчиња во 1864 година.

Дејството се случува за време на Граѓанската војна, а ја пренесува љубовната приказна помеѓу еден војник и жената од конфедерацискиот интернат. Во филмот можеме да очекуваме богата костимографија и ентериер кои го пренесуваат духот на 19 век.

„Срцето на приказната е во динамиката помеѓу група на жени кои мора да бидат на исто место, а потоа и во промената на моќта помеѓу мажот и жената. За мене тоа е навистина универзално, но е сместено во егзотични јуначки околности поради што и приказната е навистина посебна“, вели режисерката Софија Копола за своето дело.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Џипси Роуз реагира на тврдењата на сестрата на Кен Уркер и ги открива последните разговори со поранешниот

Џипси Роуз Бланшард одговара по јавната критика од сестрата на Кен Уркер, Аутум Уркер, за …