Home Спорт Никој никогаш како Кристиано Роналдо!

Никој никогаш како Кристиано Роналдо!

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо синоќа постигна два гола вредни победа над Баерн Минхен и стана првиот играч со постигнати 100 погодоци во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Португалецот најпрво во 47-та минута во Минхен го постигна 99-от гол во евро-куповите, а 30 минути подоцна стигна и до 100-от. Од овие 100 гола Роналдо 84 ги постигнал во дресот на Реал Мадрид, а 16 за Манчестер Јунајтед.

„Среќен сум поради овој рекорд и сакав да го остварам. Голема чест е тоа што го постигнав против Баерн“, изјави Роналдо по триумфот на „Алијанц Арена“.

Најблиску до Роналдо по бројот на постигнати голови на евро-сцената е неговиот голем ривал Лионел Меси кој досега 97 пати се запишал во листата на стрелците.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Спорт
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…