Никој како него: Убиецот со детско лице најопасен напаѓач во Премиер лигата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со голот и асистенцијата во победата над ВБА, Габриел Жесус стигна до фантастичен просек од гол или асистенција на секои 62 минути, по што е дефинитивно најопасен напаѓач во Премиер лигата.

Бразилецот со детско лице успеа на неверојатно брз начин да се привикне на англискиот фудбал и живот, бидејќи таму пристигна пред само четири месеци како 19-годишно момче од Бразил и тоа кога Сити беше во голема криза.

После само една полусезона на Островот се чини дека Роналдињо не претерал кога неодамна го прогласи за свој легитимен наследник.

Жесус пристигна на „Етихад“ при неповолни околности при крајот на јануари. Тогаш Гвардиола загуби на два од последните три меча, Агуеро беше во голгетерска криза, а креативците Де Брујн и Стерлинг не беа во форма.

И во тој момент доаѓа младиот Габриел Жесус кој уште минатото лето беше платен на Палмеирас 33 милиони евра, кој немаше време за адаптација и запознавање на културата. Гвардиола веднаш го испрати на терен, не поради потребата од постојани ротации, бидејќи беше очаен. Така фрлен во оган Жесус не изгоре, туку се искачи на спектакуларен начин.

Доби само осум минути во дербито против Тотенхем и тие му беа доволни за да постигне гол, но тој беше поништен. А дебито како стартер во Премиер лигата го имаше само 10 дена после неговото доаѓање во Англија, против Вест Хем. Во победата од 4:0 беше најдобар играч, асистираше за првиот гол и го постигна третиот. Само четири дена подоцна Сити на драматичен начин го победи Свонси (2:1), а јунак повторно беше Габриел Жесус.

Потоа младиот Бразилец доживеа повреда, а тоа веднаш се почувствува во играта и резултатите на „граѓаните“. Враќањето на терените после повредата Жесус го прослави во голем стил, со гол во последните минути против Мидлзборо.

Просекот од еден гол или асистенција на секои 60 минути протодолжи да го одржува и во наредните три меча: асистираше за гол против Кристал Палас, го постигна победничкиот гол против Лестер, а синоќа против ВБА запиша гол и асистенција.

Габриел Жесус оваа сезона не ги резервираше своите голови и асистенции оваа сезона само за Палмеирас и Сити. Откако го освои златото на Олимписките игри, дебитираше и за сениорската репрезентација и во 4 натпревари во квалификациите постигна 5 гола, притоа запиша 3 асистенции.

„Убиецот“ со детско лице допрва ќе ги тероризира противничките одбрани и голмани ширум Европа!