Неверојатно: Роналдо е статистички најлошиот играч во Примера!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако во натпреварот против Еспањол „кралевите“ влегоа со точно 10 бода помалку од Барселона, Реал без никакви проблеми победи со 2:0 со двата гола на Иско.

И додека сите ги славеа неговите голови, а подоцна и победата, Кристаино Роналдо делуваше потполно незаинтересирано. Оваа сезона навистина не му оди, па се поголема е нервозата кај Португалецот.

Статистички, Роналдо е најлошиот играч во Примера во првите седум кола. Шутирал 22 пати кон противничкиот гол, од кои само 4 завршиле во оквирот на голот, што е најлоша реализација во целата лига.

На тоа оди во прилог и фактот што во првите 4 кола беше суспендиран, па можеби затоа е понервозен, но ваква неефикаснот Роналдо не памети.