Home Шоубизнис Неверојатната трансформација на Хоакин Феникс и првиот трејлер за „Joker“

Неверојатната трансформација на Хоакин Феникс и првиот трејлер за „Joker“

Warner Bros го објави првиот трејлер за новиот филмски хит во најава „Joker“ од режисерот Тод Филипс, за кој веќе се предвидува дека ќе биде еден од најуспешните „блокбастери“ оваа година.

Првото најавно видео го покажува ликот на Артур Флек, обичен чесен човек кој се потсетува како неговата мајка го учела на светот да му понуди што повеќе смеа и радост и кој се обидува да најде достоинствена работа како кловн. Но, сфаќа дека во суштина светот е многу суров.

„Прво мислев дека мојот живот е трагедија, сега сфаќам дека е комедија“, вели Флек кој се претвора во Џокерот, манијакален криминалец со пореметено смеење кое е заштитен знак на негативецот од редовите на DC.

Трејлерот е објавен еден ден пред роденденот на починатиот актер Хит Леџер, кој за улогата на Џокерот постхумно доби Оскар.

Артур Флек го игра фантастичниот Хоакин Феникс, а освен него, во филмот глумат и Роберт Де Ниро, Зази Бец, Бил Камп, Френцис Конрој, Брет Кален, Глен Флешлер, Даглас Хоџ, Марк Марон, Џош Паис и Шиа Вигам.

Сценариото е потпишано од Тод Филипс и Скот Силвер, а филмот премиерно ќе биде прикажан на 4 октомври оваа година.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Влада Савиќ за односот меѓу ќерката и втората сопруга – Психологот ми рече: Сега имаш дете, внимавај кога ќе ја бираш партнерката

Владан Савиќ, фронтменот на „Магла бенд“, зборува за својот семеен живот. Ќерката Анѓелија…