Home Спорт Неверојатен трансфер: Оскар се сели во Кина за 62 милиони евра

Неверојатен трансфер: Оскар се сели во Кина за 62 милиони евра

Фудбалскиот клуб Шангај ќе го сруши кинескиот трансфер рекорд откако реши во јануарискиот преоден рок да го донесе Оскар и за неговите услуги на Челзи да му плати 62 милиони евра.

Челзи од трансферот на Оскар добро ќе профитира, бидејќи пред четири години за неговото доаѓање на „Стенфорд Бриџ“ плати 33 милиони евра.

Исто така „сините“ ќе го соборат и клупскиот трансфер рекорд, бидејќи најголема аквизиција на клубот досега беше трансферто на Фернандо Торес во 2011 година за 59 милиони фунти.

Рекорд во кинеската лига ќе собори и Шангај чии тренер е Португалецот Андре Виљас-Боаш. Оскар доаѓа за 62 милиони евра, што е за шест милиони евра повеќе од она што овој клуб му плати на Зенит за трансферот на Хулк.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…