Куман: Венгер е невиден плачко!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Евертон со пресврт синоќа успеа да го победи фаворизираниот Арсенал, па Роланд Куман беше исклучително задоволен од изданието на своите избраници.

За „карамелите”, тоа беше само втора победа во последните 11 натпревари, а до неа дојдоа по голот на Ешли Вилијамс во 86-та минута.

По натпреварот, Арсен Венгер ги посочи судиите како виновници за поразот сметајќи дека корнерот по кој падна победничкиот погодок воопшто не постоел. Тоа не му се допадна на Куман кој го искоментира неговото однесување.

„Не сум изненаден од неговите коментари затоа што е невиден плачко. Ова е трет пат што го победувам и секогаш се жали на судиите”, изјави Куман.

Поразот од Евертон е голем чекор назад за Арсенал во борбата за шампионската титула. Ако Челси вечерва го совлада Сандерленд, „сините” ќе се одвојат на шест бода во однос на градскиот ривал.