Netflix го отпушти нивниот портпарол бидејќи два пати рекол „нигер“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Интернет гигантот Netflix му даде отказ на својот главен портпарол Џонатан Фридленд бидејќи во само неколку дена, на состанок со вработените два пати го употребил зборот „нигер“ кој во САД уште е синоним за расизам и стигматизирање.

Менаџментот на компанијата соопшти дека Фридленд двапати „го употреби зборот што почнува со буквата н“, што се смета за исклучително навредливо и за табу.

Како што пишуваат медиумите, во прашање е зборот „нигер“, кој е англиски збор со кој на навредлив начин се означуваат црнците.

Фридленд рече дека ја напушта компанијата по седум години работа и додаде дека го употребил навредливиот збор на шега.

„Длабоко жалам што им нанесов штета на луѓе во компанијата што ја сакам и сакав сите да се чувствуваат како дел од тимот и да бидат почитувани“, рече сега веќе поранешниот портпарол на Нетфликс.

Во еден подоцнежен, сега избришан твит, Фридленд напиша: „Издигни се високо, падни брзо. Сè за неколку збора…“

Фридленд е поранешен новинар што работел во комуникацискиот тим на Дизни, а пред тоа десет години бил новинар за Вол стрит џурнал.